Правни информации

Испорака и извршување на услугите

Развојна Академија главно нуди услуги, а не физички производи. Еве како ја добивате платената услуга.

Потврда по плаќањето

Веднаш по успешното плаќање добивате е-пошта со бројот на нарачката и износот. Во рок од 2 работни дена ве контактираме за деталите: термин, локација или линк за онлајн средба.

Индивидуални сесии

Се одржуваат во живо на ул. Никола Тесла бр. 8/2-17, Карпош 1, 1000 Скопје или онлајн, преку видео-повик, во договорен термин. Работно време: 09:00–20:00, исклучиво со однапред закажани термини.

Работилници, мастеркласи и настани во живо

Се одржуваат на објавениот датум и место. Сите практични информации ги добивате по е-пошта најдоцна 2 дена пред настанот.

Школи и онлајн тренинг програми

Распоредот, линковите за онлајн средбите и пристапот до материјалите ги добивате по е-пошта пред почетокот на програмата. Пристапот е личен и не се споделува со други лица.

Сензорно дидактички материјали

Материјалите можете да ги подигнете лично на нашата адреса, со закажан термин, или да ви ги доставиме со курирска служба на територијата на Република Северна Македонија во рок од 5 работни дена од плаќањето. Цената на доставата ви ја кажуваме пред плаќањето. Достава надвор од државата е можна по договор.

Компании и институции

Обуките и програмите за организации се реализираат според посебен договор.

Ако нешто не е во ред

Ако не ја добиете потврдата или деталите во наведените рокови, пишете ни на [email protected], тел. +389 71 936 497.