Партнерства

Култура на живеење се гради заедно.

Ниту една трајна промена не ја создава еден човек или една организација. Затоа Развојна Академија создава стратешки партнерства што ги поврзуваат бизнисот, институциите, меѓународните организации и заедницата во заедничка мисија – развој на луѓето, организациите и општеството.

Изберете го типот на партнерство

Компании
Инвестирајте во луѓето и создавајте општествен импакт.
Работиме со компании што сакаат да развиваат лидери, да ја зајакнат организациската култура, да инвестираат во благосостојба и да креираат ESG и CSR иницијативи со мерливи резултати.
Програми за
  • Академија за лидерство
  • Програми за благосостојба
  • семејно пријателска работна средина
  • Женско лидерство
  • Corporate Impact Partnerships
  • Корпоративни подароци со општествен импакт
  • Прилагодени програми
Побарај корпоративна понуда
Институции и јавен сектор
Од идеи до политики што создаваат промена.
Развојна Академија обезбедува експертска поддршка за јавни политики, родова еднаквост, институционален развој, локални стратегии и процеси на социјална инклузија.
Експертска поддршка за
  • Јавни политики
  • Родова перспектива / еднаквост
  • Законски анализи и иницијативи
  • документи за јавни политики
  • Локални и национални стратегии
  • Институционално јакнење
  • Обуки за јавен сектор
Побарај експертска поддршка
Меѓународни организации и фондации
Заедно создаваме одржливи промени.
Развојна Академија е партнер во креирање и имплементација на проекти со долгорочен импакт во клучните општествени сфери.
Партнерства за
  • Развојни проекти
  • Човекови права
  • Родова еднаквост и економско јакнење
  • Ментално здравје и благосостојба
  • Развој на заедниците и локален развој
  • Образование и семејна политика
  • Истражувања
Да креираме заеднички проект

Нашите области на влијание

Развој на човекот
Школи, коучинг, книги и ресурси.
Семејство
Родителство, самохрани родители, деца и млади.
Женско лидерство
Економско јакнење, лидерство и родова еднаквост.
Развој на организации
Лидерство, благосостојба и организациска култура.
Развој на општеството
Јавни политики, истражувања и системски промени.
Култура на живеење
Обединувачката филозофија на сите наши процеси.

Зошто Развојна Академија?

14+години искуство
6.000+самохрани мајки во заедница
80+општини и институции како партнери

Во изминатите 14+ години Развојна Академија соработува со компании, институции, локални самоуправи, Парламентот, амбасади, меѓународни организации и развојни партнери на иницијативи што создаваат долгорочен општествен импакт. Авторски програми и методологии, искуство во јавни политики и законски иницијативи, и експертиза што ги поврзува човекот, организацијата и општеството.

Ајде да создадеме нешто што ќе трае.

Без разлика дали сте компанија, институција, фондација или меѓународна организација – партнерството започнува со разговор.