Кои сме ние

Развојна Академија е екосистем за личен, професионален и општествен развој.

Создаваме промени преку едукација, коучинг, консалтинг, книги, програми и стратешки партнерства. Веруваме дека развојот на еден човек создава посилни семејства, посилни организации и похумано општество.

Како делуваме

Нашата работа се движи на три нивоа

Личен развој
Поддршка на поединци преку програми, школи, коучинг и алатки за самоспознавање, раст и трансформација.
За поединци
Организациски развој
Работа со компании и институции за создавање подобри лидери, поздрави работни средини и култура на доверба, еднакви можности и човечки потенцијал.
За компании
Општествен развој
Иницијативи и партнерства што придонесуваат кон поинклузивно, солидарно и емпатично општество.
Партнерства
Нашата мисија

Да создадеме услови луѓето и организациите да го развијат својот потенцијал и да придонесат кон култура на живеење заснована на човечност, достоинство, емпатија и одговорност.

Нашата визија

Општество во кое секој човек има можност да расте, секоја жена има простор да лидерствува, секое семејство има поддршка, а организациите создаваат вредност не само преку резултати, туку и преку позитивно влијание врз луѓето.

Она што нè води

Нашите вредности

Човечност
01
Секој човек има вредност, приказна и потенцијал.
Развој
02
Веруваме дека растот е процес што трае цел живот.
Достоинство
03
Создаваме средини каде луѓето се гледани, слушнати и почитувани.
Еднакви можности
04
Работиме за општество во кое потенцијалот, а не околностите, ја одредуваат иднината.
Одговорност
05
Секој од нас има моќ да создава промена.
Солидарност
06
Најсилните заедници се создаваат кога се поддржуваме едни со други.
За мене

Дороти Пачкова

Јас сум Дороти Пачкова, холистичка развојна консултантка, практичарка на пристапи за траума-информиран развој, НЛП-мастер коучка, системска констелаторка и експертка за личен и професионален развој.

Имам магистратура во социјални и хуманистички науки — родови студии, што ми овозможува да работам длабински со индивидуи и организации на теми како што се лидерство, инклузија, лична и општествена трансформација и балансот помеѓу професионалниот и приватниот живот. PhD докторантка сум на културолошки студии.

Дороти Пачкова

Сертификации и специјализации

НЛП практичарка и НЛП-мастер коучка
Напредни техники за ментално репрограмирање, комуникација и лидерство.
Системски и НЛП-коучинг
Продлабочен пристап во работа со индивидуи и тимови преку системска динамика.
Системска констелаторка
Работа со колективни и лични енергетски динамики за длабоки промени.
траума-информиран пристап (Габор Мате)
Длабинско разбирање и работа со траумата во процесите на личен развој.
„Playing Big“ фасилитаторка (Тара Мор)
Овозможување на жени лидери да ја пронајдат и зајакнат својата автентичност.
„The коучинг Way“ (Тара Мор)
Интеграција на коучинг пристапи за водечки професионалци.
Фасилитаторка на женски кругови
Создавање трансформативни простори за жени, поддршка и длабока поврзаност.
Системски пристап во организации
Динамика на тимови, лидерство и решавање на комплексни предизвици.
Проектен менаџмент (Waterfall & Agile)
Водење и оптимизација на процеси во бизнис и непрофитен сектор.

Професионално работно искуство

2014

Основачка и лидерка на женско неформално движење за правата на самохраните мајки и маргинализираните девојки и жени.

  • – Водев иницијативи за законски измени, јавни кампањи и програми за поддршка
  • – Основав мрежа за застапување на правата на ранливи жени
2015

Основачка и претседателка на граѓанското здружение за родова еднаквост „Една може!“.

  • – Дизајнирав и спроведов проекти за еманципација, економска независност и лидерство на жените
  • – Обезбедив домашни и меѓународни фондови за поддршка на жени во ризик
  • – Соработував со институции, приватен сектор и меѓународни организации
2017

Основачка на социјално претпријатие за зголемување на пристапот на жените до пазарот на труд.

  • – Развив обуки за кариерен развој, претприемништво и економска слобода за жени
  • – Создадовме мрежа за поддршка и вработување на жени од ранливи категории
2021

Основачка и лидерка на мрежата на граѓански организации за зајакнување на жени „ЈунајтедФем“.

  • – Креираме јавни политики за родова еднаквост и демократизација на општеството
  • – Ја јакнеме женската резилиентност и учеството на жените во највисоките нивоа на одлучување
2016 – 2021

Дизајн и водење на целогодишни програми за зајакнување на девојки и жени — интензивни интердисциплинарни програми за личен развој, лидерство и финансиска независност. Работев со над 500 жени и девојки.

2016 – 2021

Обука за економска слобода за жени — програми за финансиска писменост, претприемништво и независност.

2021

Професорка по родови науки — родова теорија, активизам и феминистички студии; менторство на студентки и професионалки.

2022

Основачка на Развојна Академија Квинтастични — консалтинг, коучинг и тренинзи за индивидуи, тимови и организации.

2023

Фасилитаторка на женски кругови — безбеден простор за личен и духовен развој на жени.

2024

Организаторка на првиот женски ретрит „Сама своја мама“ — програма за женска моќ, самодоверба и интуитивно свесно лидерство.

Моето професионално патување

Патека на интеграција, искуство и интуиција.

2012 · Почеток што беше многу повеќе од случајност

Некогаш животот не шепоти – туку не повикува. Тогаш нешто во мене рече: „Ова не е само професионална и лична приказна. Ова си ти и светот – па повели остави поинаков печат – за големо добро.“ Ја открив мојата мисија да водам, поддржувам и да создавам простори за трансформација. За некого тоа беше промена. За мене – враќање дома.

2014 · Први чекори кон нешто што веќе го носев во себе

Започна визионерската работа – како жив организам што дише со секоја приказна на оние што доаѓаат и си заминуваат. Секоја акција, собир, обука, сесија, работилница – беа врата што води до уште понежното себе.

2015 · Храброст што се претвора во движење

Не знаев како, но знаев зошто. Создадов организација. Влегов во институциите. Кокреирав јавни политики. И отворив простор за над 5.000 жени да се препознаат, соберат и запомнат дека не се сами. Храброста не е отсутност на страв – туку љубов поголема од сè.

2016 · Бизнис со душа, мисија со структура

Го создадов моето прво социјално претпријатие, насочено кон вработување и оспособување на девојки и жени од ранливи позадини. Енергијата е твојот најважен ресурс – и штом ја усогласиш со твојата мисија, стануваш несопирлива.

2017 · Раст

Го дизајнирав мојот прв целогодишен тренинг, фокусиран на индивидуален и корпоративен развој – програми за вистинска трансформација.

2018 · Алатки кои отвораат нови мапи

НЛП, коучинг, енергетски пристапи – но и нешто што не се учи: интуитивно присуство. Индивидуални клиенти кои одеа подлабоко отколку што мислеа дека е возможно; тимови што почнаа да функционираат со синергија.

2019 · Патувања, консултации и предавања

Сфатив дека потребата за мојата работа не е само локална, туку глобална. Следуваше понуда да предавам родови науки на колеџ – и така се родија услугите „Почни од себе“.

2020 · Надвор од граници – онлајн, но интимно

Додека светот се затвораше, се отворија внатрешни врати. Онлајн програмите станаа патеки до сржта, а контактот со клиенти од целиот свет го проширија досегот и длабочината.

2021 · Отпуштање и нов почеток

Ослободив стари обрасци и се фокусирав на вистинските работи. Станав мајка на три деца и ја создадов програмата Квинтастични, со која Развојна Академија стана мојот главен фокус.

Денес · Визија што се живее

Работам со жени што знаат дека не мора да избираат меѓу интуиција и резултати, и мажи што се доволно храбри да се појавуваат целосни. Со организации што го бараат подлабокиот, почовечки начин на водење. Твојата визија е важна. И заслужува структура, водство и љубов.

Живи сведоштва

Од оние што го допреа својот потенцијал.

„Работата со Дороти ми го смени животот. Конечно се вратив дома – во себе. Со нејзината поддршка, ги надминав своите стравови и ја изградив мојата визија како жена и како лидерка.“

Елена, докторка на науки

„Ова не беше обичен коучинг. Ова беше длабока, духовна хирургија. Преку нејзините водства, најдов мир, сила и нова насока за мојот живот и за мојот бизнис.“

Наташа, претприемачка

„Не знаев што ми недостига додека не почнав да работам со Дороти. Сега ја слушам мојата интуиција. Имам алатки. Имам визија. И никогаш повеќе не се плашам дека сум изгубена.“

Марина, лидерка во јавниот сектор

„Најголемата инвестиција што сум ја направила: не во програма, туку во себе – преку водството на Дороти.“

Даниела, извршна директорка

„Како консултантка, Дороти внесе перспектива која ја немавме видено – ниту очекувано. Не стануваше збор само за стратегија, туку за свесна култура, одговорно лидерство и човечки пристап. Нашиот тим порасна, и се поврза на ново ниво.“

Александар, генерален менаџер

„Таа го отвори просторот за женско лидерство во нашата структура – не како квота, туку како квалитет. Преку процесите што ги водеше, жените во нашата организација проговорија, застанаа, и донесоа нов креативен импулс.“

Елена, директорка за развој на човечки ресурси

„Работевме со Дороти во критичен момент на промени. Нејзината способност да слуша, анализира и води со интегритет беше пресудна. И донесе резултати – не само на хартија, туку во луѓето.“

Зоран, раководител на сектор, јавна установа

„Ниту една обука не ни ја донесе свеста што ја добивме од нејзините процеси. Ова не беше само консултантство и коучинг – ова е организациска трансформација.“

Теа, коосновачка на стартап

Дали сакате да бидете дел од културата на живеење?

Разговорот започнува овде.